Траги-комичен инцидент во Каменица: Кај нас има „двајца без тројца“ навивачи на трибините па и тие се истепаа (ВИДЕО)

Инцидент на трибините го одбележа денешниот натпревар од 11. коло во Втората македонска фудбалска лига меѓу Каменица Саса и Охрид кој заврши без победник, 1-1. Ама, повеќе од траги-комичен инцидент ако се погледнат случувањата на трибините.

На теренот се коректно, но мал број навивачи од двете екипи одлучија во самиот финиш од средбата најпрво да разменат по некој меѓусебен збор, а потоа да си разменат и по неколку боксови.

Сето тоа од теренот го следеа и фудбалерите на двата тима кои се одлучија да ја прекинат средбата… Па, и нормално е да го забележат и фудбалерите сето тоа што се случува на трибините, кога и оние „двајца без тројца“ навивачи одлучија физички да се пресметаат!!?

ВИДЕО: М-Нет телевизија

Се вчитува...