Трагична несреќа: Почина фудбалски тренер, а 13-годишни деца се со тешки повреди

Страшна несреќа ја потресе цела Франција. Во страшна сообраќајна несреќа загина тренерот на фудбалскиот тим „Авенир Фут Лузер“, додека 11 деца кои ги превезувал во комбето се тешко повредени.

Несреќата се случила кога комбето во кое се превезувале младите фудбалери се судрило со автобус, по што тој излетал од патот. Тренерот Антонин Елиа починал на лице место, додека 13-годишните момчиња преживеале, но се здобиле со тешки повреди.

„Во шок сме, целиот спорт во Лузер е во жалост. Добивме многу пораки за поддршка од нашите фудбалери, кошаркари и ракометари“, изјави претседателот на клубот Фабијан Бернард.

 

Се вчитува...