Трагичната смрт на американскиот хокејар Адам Џонсон кој на 28. октомври го загуби својот живот на сред натпревар откако доби исекотина на вратот од страна на противнички играч и искрваре на теренот ќе донесе голема промена во овој спорт со воведување на заштитник на овој дел од телото.
Со оглед на тоа што оваа трагедија привлече големо внимание во јавноста, следеше и брза реакција. Во НХЛ првенството веќе и започна да се користи и истата прв ја испроба Тајлер Бертучи, левото крило на Торонто кој настапи со штитник на вратот.
И самиот комесар на најсилното хокејарско првенство, Гери Бетмен ги охрабри играчите да ја носат оваа опрема со што се очекува истата да постане стандардна во НХЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА