Трагични вести од Германија: Екс младински репрезентативец ненадејно почина на 25 години

Трагична вест доаѓа од Германија. Фудбалерот на Регенсбург Агјуеманг Диавусие ненадејно почина на 25 годишна возраст. Се наведува дека починал од природна смрт, но клубот замоли за приванотс при ваква ситуација.

Диавусие, кој играше на позицијата десно крило, во минатото беше дел од Риед, Динамо Дрезден, беше дел и од Инголштад, а беше член и на Лајпциг. Ги мина младинските категории на Нирнберг, Јан Регенсбург и Фортуна Регенсбург. Играше за младинската репрезентација на Германија до 19 години.

„Овој вторник Јан Регенсбург прими страшна вест дека Агјумеанг Диавусие почина на 25 годишна возраст. Клубот е шокиран и длабоко погоден од оваа трагедија. Целиот фудбалски клуб сочуствува со најблиските, и со мислите е со семејството на Агјуеманг, блиските пријатели и неговите познаници. Поради ужасните вести и поради почит на неговото семејство, ве молам да ја почитуваме нивната приватност“, стои во соопштението на Јан Регенсбург.

Се вчитува...