Трагичниот настан кој од корен го промени животот на Мајкл Џордан

Мајкл Џордан и документарниот филм „Последниот танц“ посветен на генерацијата на Чикаго Булс од 90-тите години на минатиот век беа главна занимација на спортските фанови изминатиот период. Сепак, и во документарецот многу работи за животот на веројатно најголемиот спортист на сите времиња останаа нераскажани. Тој како дете на осумгодишна возраст го загубил својот пријател, кој се удавил.

„Отидовме на пливање со мојот другар. Имавме осум години. Дојде еден џиновски бран. Го грабна мојот другар. Јас пробав да го повлечам за да го спасам. Не успеав, а мојот пријател почина. Од тогаш немам влезено во вода. Имам фобија од неа. Не пливам, воопшто не ни влегувам во неа. Ако немам заштитен елек не се качувам ниту на чамец. Секој има некоја фобија, мојата е водата“, изјави Џордан. 

Мајкл Џордан во 90-тите години на минатиот век стигна до шест трофеи во НБА лигата со што стана еден од најуспешните во една од четирите професионални лиги во САД.

Се вчитува...