Трагично го загуби животот млад фудбалер на Гингамп

Тажни вести ни стигаат од Франција. Напаѓачот на Гингамп, Нетаел Жунал, загина во сообраќајна несреќа. 23-годишниот фудбалер со својот автомобил излетал од патот.

Тој кариерата ја почна во Ле Авр од каде премина во Гингамп. Минатата година беше на позајмица во Валенсиен.

„Клубот е длабоко погоден откако денеска дозна за несреќата и смртта на Жулана. На овој трагичен ден сите во клубот се здружуваат како би изразиле сочувство на фамилијата на починатиот фудбалер“, стои во соопштението од Гингамп. 

 

Се вчитува...