Трајчески остана на Кипар, но го промени клубот

Македонскиот интернационалец Душко Трајчевски го промени клубот, но не и земјата во која настапува. Фудбалерот за врска и во наредната сезона ќе настапува во кипарскиот шампионат, но во дресот на Докса.

Трајчевски минатата сезона ја мина во екипата на Алки, каде беше еден од најдобрите поединци, но Алки во драматична завршница од плејаут лигата испадна од елитното друштво, по што Македонецот беше принуден да бара нова средина.

На негова адреса пристигнаа неколку понуди, од кои Трајчевски ја избра онаа на Докса, клуб каде денеска и официјално беше промовиран како најново засилување.

Се вчитува...