Александар Трајковски конечно добива шанси во континуитет во дресот на Хајдук, а македонскиот репрезентативец максимално ја оправдува довербата на стручниот штаб.
Откако во минатото коло се запиша меѓу стрелците, Трајковски вечерва го одигра својот најдобар меч во дресот на сплитскиот клуб, со хет-трик предводејќи го својот тим до победа на гостувањето против Локомотива Загреб.
Она што е особено интересно, првите два гола беа речиси идентични откако Македонецот биеше од работ на шеснаесетникот, топката два пати удри во ист играч (Мериснај) и заврши во мрежата за водство на Хајдук од 0-2. Гостите од Сплит поведоа и со 0-4, Локомотива намали на 2-4, пред Трајковски да го комплетира својот прв хет-трик во дресот на хрватскиот великан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА