Трајковски дебитираше за Мајорка, Барди и Леванте победија

Александар Трајковски го имаше своето деби за новиот клуб Мајорка на вечерашниот пријателски натпревар против Леванте. Од спротивната страна, Енис Барди, чиј тим на крајот славеше со 2-1.

Трајковски влезе во игра во 66.минута и доби помалку од половина час за прв настап во дресот на Мајорка. Неговиот тим поведе со голот на Анте Будимир во третата минута, а Леванте возврати во второто полувреме со головите на Серџо Леон и на Борха Мајорал.

Се вчитува...