Трајковски доби зелено светло за тренинзи, Хендрикс ќе ги чека соиграчите во Романија

Македонската репрезентација делуваше преполовено на утринскиот тренинг поради повлекувањето на Костоски и отсуството на клучни играчи како Бојан Трајковски и Ричард Хендрикс, но двајцата центри според последните информации ќе му бидат на располагање на селекторот Давитков за натпреварот со Романија.

Трајковски не тренираше поради проблеми со оток на коленото, но новиот ас на Гостивар по последните лекарски прегледи добил зелено светло да почне со тренинзи.

„Бојан ќе тренира со тимот од вечерва и сигурно ќе патува за Романија. Се надевам дека ќе биде во можност да ни помогне на овој важен натпревар. Што се однесува до Хендрикс, тој вечерва ќе полета од САД, а по консултациите решивме дека е најдобро да стигне прв во Романија и таму да го дочека остатокот од репрезентацијата, наместо утре цел ден да патува, па потоа в среда сабајле повторно да лета. Во секој случај, присуството на овие двајца клучни играчи во рекетот е одлична вест“ – истакна селекторот Давитков.

Се вчитува...