Трајковски е најдобар стрелец меѓу голманите: И Омејер може „вода да му носи“…

Новината која е промовирана на актуелното Светско првенство во Франција, напад со седум ракометари и празен гол, остава далеку поголем простор и голманите се повеќе да се запишуваат во листата на стрелци.

А, на таа листа на стрелци, на чуварите на мрежата, на врвот е македонскиот голман Благојче Трајковски со три погодоци од исто толку обиди досега на Мундијалот. Со 100% ефект од три обиди, дефинитивно не може да се пофалат и поголемиот број ракометари кои се обидуваат од девет метри да стигнат до мрежата на противникот.

Трајковски два гола постигна на дуелот против Ангола…

А, еден запиша и синоќа во пресметката со Шпанија…

Од останатите голмани кои досега постигнале гол се и Данецот Ландин, Французинот Жерард, Египќанецот Хендави, Исланѓанецот Густавсон и Полјакот Моравски кои постигнаа по еден гол, од исто толку обиди. Словенецот Скок има еден гол од три обиди, како и Муачисенге од Ангола.

Интересно, два обиди за погодок од гол на гол има и најдобриот светски голман, Французинот Омејер но досега неуспешно. Се уште без гол!

Се вчитува...