Трајковски и Несторовски расположени за голови во триумфот на Палермо

Македонските репрезентативци продолжуваат со головите во дресот на Палермо за време на подготвителниот период.

Откако во претходниот тест дуел на Палермо постигнаа заедно пет гола, сега Трајковски и Несторовски со вкупно три гола учествуваа во триумфот од 6-1 против Сандона.

Трајковски постигна два гола, дополнето и со една асистенција, додека Несторовски еднаш се запиша во листата на стрелците но имаше и една асистенција кон Трајковски…

Се вчитува...