Трајковски и Несторовски тргнаа на подготовки со Палермо

Македонските фудбалски репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски ги почнаа подготовките со својот тим Палермо, кој во новата сезона ќе се натпреварува во Серија Б. Плановите се тимот од Сицилија експресно да се врати во елитата, а тука треба видна улога да одиграат токму македонските интернационалци.

Нестор-гол се појави во кампот на Палермо, но од друга страна италијанските медиуми најавуваат дека Фиорентина е сериозно заинтересирана за негов ангажман. Трансферот треба да се случи откако Никола Калиниќ ќе ги напушти „виолетовите“, а се наоѓа во плановите на Милан. За секој случај, куферот на Несторовски е подготвен…

nestorovski 1

Се вчитува...