Трајковски и Пелистер уште една сезона заедно (ФОТО)

Еден од најдобрите македонски кошаркари, Бојан Трајковски и следната сезона ќе го носи „зелено-белиот“ дрес на Пелистер откако клубот и играчот денеска го потврдија очекуваното и официјално ја продолжија соработката.

Триесетичетири годишникот беше еден од клучните играчи во составот на Марјан Илиевски кој регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место на табелата претходната сезона, меѓутоа по повредата на крилниот центар на Купот на Македонија, тимот забележа пад на формата по што историската сезона беше завршена во полуфиналето од разигрувањето за титула.

Како потсетување, претходно клубот ја продолжи соработката со тренерот Илиевски и плејмејкрот Бобан Стајиќ, a го доведе и Марјан Младеновиќ со што стави дознаење дека тимот го задржува костурот на тимот и повторно ќе атакува на висок пласман. Во следниот период „зелено-белите“ ќе продолжат да бидат активни на домашниот пазар каде во игра се неколку имиња.

Се вчитува...