Трајковски: Италија!? За мене главниот мотив е настапот во националниот дрес…

ЕКИПА во Торино, Италија

Никола Ѓуровски

Крилниот офанзивец на македонската репрезентација Александар Трајковски верува дека Македонија може да ја изненади Италија пред своите навивачи.

Трајковски носи посебен мотив поради фактот дека настапува во италијанскиот шампионат, во дресот на Палермо, но како што вели за него пред се мотивот е настапот во националниот дрес…

„Играм фудбал во Италија, и сигурно убаво е да дојдеш тука и да играш со својата репрезентација против една силна селекција. Но, најголемиот мотив за мене не е само Италија, туку пред се настапот во националниот дрес за својата репрезентација. Искрено се надевам дека ќе одиграме квалитетен натпревар. Верувам дека можеме до позитивен резултат. Ние сите мора да веруваме во себе ако сакаме успех во петок на Олимпискиот стадион во Торино“ – истакна Трајковски пред денешниот тренинг.

Се вчитува...