Трајковски изнуди пенал, Мајорка загуби во Билбао

Мајорка загуби на гостувањето кај Атлетик Билбао со 3-1 и е се поблиску до испаѓање од елитното шпанско фудбалско друштво. Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски влезе во игра во 58.минута и десетина минути подоцна изнуди пенал за својот тим што го реализираше Анте Будимир.

Сепак, тоа беше се што направија гостите. Атлетик Билбао по првиот дел имаше водство од 2-0 со головите на Раул Гарсија и на Охиан Сансет, а конечниот епилог го постави Асиер Вилалибре во 90.минута од дуелот.

Атлетик Билбао по овој триумф се наоѓа на деветтата позиција на табелата во Ла Лига со 45 бода.

Се вчитува...