Трајковски: Кога излегов пред Буфон решив да шутнам најсилно во спротивниот агол… И, погодив!

ЕКИПА во Торино, Италија

Никола Ѓуровски

Стрелецот на единствениот гол за Македонија во ремито на гостувањето против Италија, Александар Трајковски е задоволен како што вели што успеал да го постигне својот десетти гол во дресот на Македонија токму на еден ваков натпревар против четирикратен светски шампион.

„Кога излегов пред Буфон само одлучив да шутнам најсилно во спротовниот агол… И, ете погодив иако пред се тоа беше убава акција на соиграчите“ – вели Трајковски околи голот против големиот Буфон.

Но, наспроти среќата за погодокот, за него поголемо е задоволството што непоразени си одиме од Италија…

„Секако, среќен сум и за голот, но уште повеќе за одличниот резултат. Покажавме дека можеме да извлечеме позотвен резултат и против една голема Италија“ – ни изјави Трајковски веднаш по мечот.

 

Се вчитува...