Трајковски: Навивам за Наполи и Елмас да го освојат Скудетото

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, кој неодамна замина во Саудиска Арабија, изјави дека навива за Наполи, и посакува тој тим и Елиф Елмас да ја освои титулата оваа сезона.

„И покрај тоа што никогаш не сум играл таму, навивам за Наполи и се надевам дека сезонава ќе ја освојат титулата. Јас сум фан на Интер, но има еден играч кој многу ми се допаѓа во Наполи, а тоа е Елиф Елмас. Тој многу созреа оваа сезона и покажа дека може да одговори на различни позиции и различни улоги. Се надевам дека ќе успеат да ја освојат титулата. Од другите играчи, најмногу ми се допаѓа Лаутаро Мартинез од Интер“, рече Трајковски.

Трајковски мина во Италија четири години од 2015 до 2019 година, а потоа замина во Шпанија, па во Данска и сега во Саудиска Арабија. За Палермо Трајковски одигра преку 100 натпревари во Серија „А“ и Серија „Б“.

Се вчитува...