Трајковски одигра половина полувреме, но Мајорка загуби на „Ел Мадригал“

Александар Трајковски одигра дваесетина минути за Мајорка, но не успеа да помогне неговиот тим да избегне пораз на гостувањето против Вилјареал. „Жолтата подморница“ славеше со 1-0, оставајќи ја Мајорка шансата за бодови во битката за опстанок да ја бара на некој од следните натпревари.

Вилјареал поведе во 16. минута преку Бака, погодок што се покажа како клучен во битката за трите бода на овој натпревар. Трајковски влезе во игра на половина од второто полувреме, Мајорка напаѓаше и создаваше шанси со Македонецот на теренот, но се беше попусто кога гостите сепак не успеаја да ја затресат мрежата на Вилјареал.

Во вториот денешен натпревар Хетафе и Еспањол ремизираа играјќи 0-0, меч на кој гостите уште од 16. минута беа со играч помалку на теренот поради црвениот картон на Бернардо.

Се вчитува...