Трајковски останува во Мајорка до крајот на сезоната

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски останува во шпанска Мајорка до крајот на сезоната.

Иако веќе извесен период се најавуваше негово заминување од клубот, на неколку часа пред истекот на последниот ден за можен трансфер, од Шпанија информацијата дека Трајковски и натаму ќе биде дел од членот на Ла Лига.

Во игра беа неколку клубови како можност за нова преселба на македонскиот офанзивец, враќање и во Италија како опција, но двете страни, како што пренесуваат дел од локалните медиуми од Мајорка, не се договориле и околу начинот на исплата за остатокот од договорот.

Трајковски сега максимално се фокусира на настапите во репрезентативниот дрес на дуелот против Косово, и потоа пресметките во Лигата Ц од Лигата на нациите против Естонија и Грузија.

Се вчитува...