Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за контролните натпревари против Хрватска (3. јуни, Ријека) и Чешка (10. јуни, Храдец Кралове). На последниот тренинг, во нашата најдобра селекција се приклучија напаѓачите Александар Трајковски, Милан Ристовски, дефанзивецот Ѓоко Зајков и голманот Столе Димитриевски.
Трајковски ќе има дополнителен мотив бидејќи повторно настапува во хрватскиот шампионат, а по неколкуте добри партии во серија во дресот на Хајдук сега ќе се обиде да се прикаже во вистинско светло и за националниот тим.
„Хрватска е голема репрезентација и одличен тест за нас. Како и во минатото и сега треба да покажеме дека можеме да се носиме со вакви силни репрезентации. Но, исто така, ова ќе биде добра контрола и за Хрватска која се подготвува за Европско првенство и мислам дека ќе биде добар натпревар. Искрено, и јас и сите во нашата репрезентација веруваме во добар резултат. Ќе се обидеме и ќе го дадеме максимумот за да го постигнеме тоа. Едноставно да покажеме какви се нашите идеи и за натпреварите во септември во Лига на нации“, изјави Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА