Трајковски пред трансфер во Спортинг Лисабон!?

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски е пред трансфер во еден од најдобрите португалски клубови, Спортинг Лисабон.

Како што пренесуваат италијанските медиуми веќе се стартувани разговори за ангажман на Трајковски кој со Спортинг би потпишал четиригодишен договор. Португалците го гледаат македонскиот фудбалер како замена за Бруно Фернандеш. Според најавите се треба да биде познато во текот на денешниот ден кога и официјално ќе биде позната дали ќе се заокружи реализацијата на трансферот на Трајковски од Палермо во Спортинг.

Интересно, интерес за Александар Трајковски има и од членот на Серија Б, Салернитана, тим кој е во сопственост на газдата и на Лацио, Клаудио Лотито.

Се вчитува...