Трајковски пред заминување од Хајдук: Клубот планира голема реконструкција на тимот!

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски е пред заминување од Хајдук ова лето, и покрај тоа што има важечки договор со клубот до јуни 2025 година.

Како што пренесува хрватскиот „Спортске новости“, во Хајдук ќе следи огромна реконструкција на тимот по очајните резултати во пролетниот дел од сезоната и речиси загубената шанса за титула, и покрај тоа што по есенскиот дел беше прв фаворит за трофеј.

По катастрофалниот период, денеска е сменет претседателот на клубот, Лукша Јакобушиќ, а за оваа пролет се најавуваат огромни промени и во играчкиот кадар од кој никој во клубот не е задоволен.

Александар Трајковски по доаѓањето во Хајдук има скромна минутажа од околу вкупно одиграни 300 минути на десет натпревари, поради што како што пишува „Спортске новости“ со него на крајот од сезоната ќе се разговара за раскин на договорот.

„Оваа сезона беа ангажирани многу искусни фудбалери кои доведувањето не го оправдаа со резултати. Токму поради тоа во Хајдук ова лето ќе следи огромна реконструкција. Заминува речиси целиот тим… Седум се со истек на договорите, тројца ќе одат на продажба како клубот и би заработил нешто, а потоа следат оние со кои сигурно ќе се разговара за раскин на договорите. Без никакви дилеми во таа категорија во која ќе се бара раскин на договорот се Феро, Трајковски и Диало. Трајковски има само еден гол сезонава, а од почетокот на ноември одигра само 21 минута во првенството. Не навлегуваме во висината на неговата плата, но со оглед на тоа колку одигра и што пружи, дефинитивно е неоправдано луксузна инвестиција“ – пишува „Спортске новости“.

Се вчитува...