Трајковски: Размислуваме за победи против Австрија и против Израел

Фудбалскиот национален тим се подготвува за дуелите против Австрија и против Израел, со кои ќе го заокружи циклусот за ЕВРО 2020. Александар Трајковски вели дека Македонија сака да покаже во Виена како првиот дуел во Скопје и убедливиот пораз не беа реалност, туку слаб ден.

„Се додека имаме шанса ќе се бориме до крај. Ова е добра можност да покажеме дека поразот на домашен терен не ја покажува реалната слика меѓу двете репрезентации. Мислам дека сме добро подготвени и одиме да го дадеме нашиот максимум на теренот во Виена. Најважно е сега да се обидеме да ги добиеме овие два натпревари, да се покажеме во најдобро светло, а потоа ќе размислуваме на мартовскиот предизвик од Лига на нации. Во изминатиот период игравме и со послаби и со поквалитетни репрезентации и сметам дека покажавме дека можеме да се носиме со било која селекција”, изјави Александар Трајковски.

Се вчитува...