Трајковски со победнички гол стави крај на лошата серија на Хајдук (ВИДЕО)

Со гол уште во 13. минута, Александар Трајковски му донесе победа на својот Хајдук во дуелот со Славен Белупо на гостински терен.

Трајковски стрелаше во мрежата по одличната акција и асистенцијата на Јосип Брекало. На Македонецот му остана само полесниот дел од задачата, односно да ја спроведе топката во мрежата на домашните.

Со овој гол и оваа победа, Хајдук ја прекина серијата од четири натпревари по ред со порази, со кои тимот од Сплит ја загуби титулата во Хрватска, а дојде и до тренерска смена.

Се вчитува...