Трајковски со топката во раце: Мислев дека не оди кон голот, полудев од радост кога ја видов во мрежата

Александар Трајковски не ја испушта од рацете топката со која го постигна победничкиот гол за Македонија на гостувањето во Италија.

Репрезентативците слетаа на скопскиот аеродром, а Трајковски се појави пред новинарите со „среќната топка“ во рацете, опишувајќи ги моментите при постигнувањето на голот.

Најмногу сум среќен што стигнавме до таа победа со која се израдува цела Македонија, а потоа за фактот дека јас го постигнав тој победнички гол, на стадионот на кој минав четири прекрасни години. Сега можам да уживам во овој момент, немаме многу време бидејќи пред нас е нов натпревар. Искрено, имав тројца играчи пред мене, во прв момент мислев дека топката нема да оди кон голот, бев пресреќен кога видов дека завршува во мрежата. Потоа и судијата нештогледаше на ВАР, но јас знаев дека тој гол е регуларен. Сега имаме неколку дена да се подготвиме за Португалија, тоа е сериозен ривал и ние ќе сториме се за добро да се претставиме. Пред мечот со Италија реков дека сакам да не потценат, искрено посакувам истото да се случи и со Португалците, иако не верувам во тоа бидејќи сите сега видоа колку квалитетна репрезентација е Македонија“, изјави херојот на македонската репрезентација на мечот во Палермо.

Се вчитува...