Трајковски: Среќен сум што ќе бидам дел од тимот на Мајорка

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски ја замени Италија со Шпанија и во наредните четири години ќе го носи дресот на Мајорка. Тој потпиша договор со повратникот во Ла Лига и вели дека го препознал одличниот проект на клубот од Балеарските острови.

„Среќен сум што ќе бидам дел од тимот на Мајорка и овој одличен проект. Се надевам дека ќе имаме успешна сезона. Напред Мајорка“, порача Александар Трајковски веднаш по потписот на договорот со новиот клуб.

Се вчитува...