Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски е творецот на победата на сплитски Хајдук против Рудеш постигнувајќи го единствениот гол на мечот за три бода на хрватскиот тим.
Со погодок во второто полувреме македонскиот напаѓач донесе и тоа како важни бодови за Хајдук во трката за шампионската титула.
„Ваквите натпревари кои, наводно, секогаш однапред се добиени носат постојано дополнителен притисок. Противникот одлично се бранеше, но најважно е што успеавме да го скршиме нивниот отпор за важни три бода“ – вели Трајковски, притоа дополнувајќи:
„Секако среќен сум со мојот прв гол во дресот на овој клуб. Искрено се надевам дека ќе ги има повеќе сезонава“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА