Трајковски стрелаше, Ал Феиха со пораз од „фенерџијата“ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски постигна гол за Ал Феиха на гостувањето кај „фенерџијата“ Ал Хазем во 26. коло од Премиерлигата во Саудиска Арабија.

Голгетерот со глава го постигна голот на крајот од првиот дел, за да го израмни резултатот на 1-1. Македонецот во финишот од средбата доби и жолт картон.

Во вториот дел Ал Хазем постигна уште два гола за конечна победа од 3-1.

Ова беше втор гол на Трајковски за Ал Феиха во годинашното првенство на Саудиска Арабија.

Се вчитува...