Трајковски влезе и донесе среќа: Деби со триумф во Ла Лига

Александар Трајковски дебитираше во шпанската „Ла Лига“, откако македонскиот ас влезе во игра во второто полувреме од натпреварот меѓу Мајорка и Еибар (2-1).

Екс-напаѓачот на Палермо влезе во 74. минута при резултат 1-1 и веднаш му донесе среќа на својот тим, бидејќи неполни 60 секунди подоцна еден дефанзивец на Еибар си постигна автогол, што се покажа решавачки за конечниот исход на овој натпревар.

Мајорка летово се врати во елитното друштво и на камбекот успеа да стигне до цел плен, што сигурно ќе биде мотив повеќе за Трајковски и соиграчите во пресрет на предизвиците што ќе ги очекуваат во наредниот период.

Се вчитува...