Трајковски: За мене играњето со Италија во Палермо ќе биде со посебни емоции

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, во март ќе се врати во Палермо, во градот каде што мина четири години во тој тим. Тој со репрезентацијата ќе игра на овој стадион против Италија, против која постигна гол, но на меч одигран во Торино, и тогаш донесе големо „реми“ за Македонија.

Трајковски вели дека со посебна емоција ќе го дочека тој натпревар.

„Во март ќе играм како дома. Одиграв повеќе од 50 меча за Палермо на „Барбера“. Затоа тој натпревар ќе биде посебна емоција. Мислам дека истото се однесува и за Несторовски. Натпреварот ќе биде тежок, но ние сме мотивирани да донесеме добар резултат и да испишеме нова страница во историјата на Македонија“, рече Трајковски.

Тој кажа дека еден ден би се вратил во Палермо, ако тимот избори место во Серија „Б“.

„Би сакал да се вратам во Италија, особено во Палермо. Таму каде ми било добро, секогаш се враќам со добро срце“, вели Трајковски и додава:

„Во Палермо поминав одличо. Климата и градот се прекрасни. Уживав во долгите прошетки и животот покрај море“, дополни македонскиот интернационалец.

Се вчитува...