Тракаи: Трансферот на Максимов во Вардар е нелегален!

Македонскиот првак Вардар денеска потпиша тригодишен договор со рускиот интернационалец Максим Максимов, но неговиот досегашен клуб од Литванија, Тракаи, вели дека истиот е нелегален. Како што потенцираат од литванскиот клуб, напаѓачот се уште има валиден договор со Тракаи и не може да потпише договор со Вардар. Литванците дури најавија и правна битка, а, како што тврдат, Вардар може да се соочи со голема казна.

„ФК Тракаи истакнува дека Максим Максимов е се уште фудбалер на Тракаи, двете страни имаат договор, кој е валиден и не е истечен. ФК Тракаи нема добиено никакво официјално барање од Максим или негови претставници за прекинување на договорот преку легални методи. Тракаи и ФК Вардар немаат потпишано никаков договор за трансфер на Максимов, а Тракаи нема добиено никаква понуда од Вардар за реализација на трансферот. Клубот е изненаден и разочаран од информациите кои ги доби и верува дека оваа операција е направена несовесно. Како резултат на ова, Максимов и Вардар ќе се соочат со исклучително комплексна битка, со финансиски, но и со спортски консеквенци. Тракаи во докажување на својата правда ќе биде претставуван од двајца специјалисти за спортско право, Мариуш Девижис и Мартинас Калвелис од адвокатската куќа Примус“, се вели во соопштението на литванскиот клуб Тракаи.

trakai soopstenie

Се вчитува...