Трамп: На Американците им е потребен спортот – Ајде да играме

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп му честиташе на првиот човек на УФЦ Дена Вајт на одржување на првиот настан во времето на пандемијата од коронавирусот во саботата вечер во Џексонвил, Флорида. Тој повика дека е време спортот да се врати бидејќи им е потребен на Американците.

„Ајде да играме. Вие одржувајте социјална дистанца и што и да е потребно, но на нас Американците ни треба спорт. Сакаме тој да се врати“, изјави Трамп. 

И покрај враќањето на УФЦ, Вајт се соочи со проблем бидејќи мораше да ја откаже главната борба меѓу Роналд Соуза и Уриа Хала, бидејќи Соуза непосредно пред двобојот беше позитивен на Covid-19.

Се вчитува...