НБА лигата синоќа со два натпревари се врати по пауза од четири и пол месеци која што беше предизвикана поради пандемијата од коронавирусот. Сите кошаркари од мечевите меѓу Њу Орлеанс – Јута и ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс пред почетокот клекнаа во знак за поддршка во борбата против расизмот во САД. Околу целата ситуација се огласи и претседателот на САД, Доналд Трамп кој продолжува со скандалозните изјави.
„Се радувам на враќањето на спортот, но секој пат кога ќе видам како кошаркарите клечат во текот на изведување на химната, што е знак на големо непочитување кон нашата земја и знаме, кошарката за мене е готова“, напиша Трамп на Твитер.
Големи се негодувањата во САД поради начинот на кој Доналд Трамп ја води државата, а голем дел од спортските ѕвезди во Америка јавно го искажуваат незадоволството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА