Доналд Трамп секојдневно ја изненадува светската јавност со своите изјави, а денеска проговори и на спортска тема – најавувајќи дека сериозно размислува да организира УФЦ борба во „Белата куќа“.
Американскиот претседател е голем пријател со првиот човек на УФЦ, Дена Вајт, а откако беше присутен на последниот спектакл во Њу Џерси тој откри дека размислува за слична организација во гланиот град на САД, и тоа токму во „Белата куќа“. Планот е овој спектакл да биде организиран на јубилејниот роденден – 250 години САД што ќе се случи на 4 јули 2026 година.
„УФЦ во Вашингтон, зошто да не… и тоа во Белата куќа. Не гледам зошто да не, секако нема да биде во самата куќа, но имаме доволно земјиште, ќе изградиме објект за таков спектакл. Дена Вајт е фантастичен, тој ќе знае како да го организира тоа. Нема да биде обична борба, туку битка за титула, пред најмалку 20.000 луѓе. Тоа е остварливо“, медиумите ја пренесуваат изјавата на американскиот претседател.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА