Трансфер-бомба: Лук Абало во норвешки Елверум

Француската ракометна ѕвезда Лук Абало следната сезона ќе игра во редовите на норвешкиот шампион Елверум.

Абало се одлучи да го напушти ПСЖ потпишувајќи за Елверум кој во новата сезона влегува со огромни амбиции и пласман на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите. 35-годишниот Французино потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на истиот на уште една.

Претходно во својата кариера настапуваше и за Атлетико Мадрид, Сиудад Реал и Иври.

Се вчитува...