Давид Бабунски би можел да биде ударното засилување за Шкендија во зимскиот преоден рок, велат информациите од Тетово.
Лидерот во македонскиот шампионат е силно заинтересиран да го доведе членот на „златната генерација“ од 2017 кој во моментов е слободен фудбалер по завршувањето на соработката со романскиот Ботошани. Бабунски, кој потекнува од фудбалската школа на Барселона, претходно во својата кариера има настапувано и за белградска Црвена Звезда, како и за јапонските Јокохама и Омија Ардија.
Бабунски, доколку се реализира трансферот, треба да биде замена за Валон Ахмеди кој е пред потпис со белорускиот шампион Шахтјор Солигорск.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА