Трансфер во најава: Каде се селат луксузните автомобили на Роналдо?

По три години поминати во Јувентус, Кристијано Роналдо е пред заминување од Торино, а за тоа говорат и последните случувања од Италија каде изминатата вечер посебни шлеп служби ги „пакуваа“ луксузните автомобили на фудбалерот.

Португалецот за „старата дама“ одигра 132 натпревари и постигна 101 гол, од кои последниот во победата над Интер од 3-2 овој викенд со што Јувентус остана во игра за место кое води во Лигата на Шампионите следната сезона, но состојбата во Торино воопшто не е идеална.

Деветгодишната доминација на Јувентус во Италија беше прекината оваа сезона, клубот настапот во ЛШ го заврши во осминафиналето па се очекува и смена на тренеркото место на кое Пирло не се снајде најдобро.

Се вчитува...