Трансфери во Албанија: Цветаноски и Реџепи во Партизани, Илиески во Кукeси

Тројца наши интернационалци ќе направат трансфери во Албанија. Двајца во Партизани Тирана, и еден во таборот на Кукеси.

Матеј Цветаноски, поранешниот играч на Вардар, Пелистер, Македонија ЃП и Шкупи, ќе потпише за Партизани Тирана. Тој во оваа екипа ќе дојде од таборот на Ѓирмот, каде што беше во изминатите шест месеци. На офанзивниот крилен играч во овој тим ќе му се приклучи голманот Беким Реџепи. Реџепи досега бранеше во Скендербег, а претходно беше голман на Шкендија, и беше дел од младинските категории на Вардар.

Во Кукеси, пак, заминува стоперот Антонио Илиески. Илиески досега беше дел од Ренова, а имаше понуди од некои прволигашки екипи, но на крајот се реши да се пресели во Албанија. Илиески во минатото беше дел од Кораби, Риквеш, Гостивар, Македонија ЃП и Еуромилк.

Се вчитува...