Трансферот на Фабрегас во Монако се искомпликува?

Шпанскиот интернационалец Цеск Фабрегас е на чекор до трансфер во Монако, но во последен момент Челси би можел и да го стопира неговото заминување. Иако Фабрегас веќе се збогуваше со навивачите, сепак, се појавија неочекувани проблеми во преговорите меѓу двата клуба.

Челси бара Монако веднаш да уплати 10 милиони фунти отштета, а раководството на Монако тоа сака да го стори најмалку на три рати. Ова може да доведе до мало одолговлекување на трансферот. Сепак, јасно е дека Фабрегас заминува од „Стемфорд бриџ“ и дека веќе нема да го поси дресот на Челси. Разврската на случајот ја следат Милан и Интер, кои исто така се заинтересирани за ангажман на шпанскиот фудбалер.

Се вчитува...