Трансферот на Кеси во Барселона е готов – завршени тајни лекарски прегледи во Швајцарија

Франк Кеси во следните часови ќе треба да стане нов играч на Барселона, откако бесплатно ќе се пресели од Милан. Како што тврди италијанскиот стручњак за трансфери, Франк Кеси вчера ги одработил лекарските прегледи во швајцарскиот град Лугано, за да стане нов играч на Барселона.

Играчот од средниот ред играше одлично во Серија „А“, стана еден од најдобрите и најзаслужните што Милан е на првото место на табелата.

Барселона ќе добие големо засилување целосно бесплатно, затоа што договорот му истекува на крајот од сезоната. Неговата сегашна вредност е 45 милиони евра. Во 2019 година стигна за 24 милиони од Аталанта.

Според Фабрицио Романо, Кеси ќе добие 6,5 милиони евра по сезона.

Се вчитува...