Трансферот стопиран: Алиоски го загуби трпението со Ал Ахли

Езгијан Алиоски беше многу блиску до преселба во Трабзонспор откако Ал Ахли даде зелено светло за позајмица до крајот на сезонава, но трансферот е стопиран откако македонскиот репрезентативец влезе во конфликт со управата на својот клуб.

Имено, на Алиоски му здодеа да биде изолиран од првата екипа, па гласно побара од челниците ако веќе не го регистрираат во првата екипа, тој да добие раскин на договор и да може самиот да си го избере новиот клуб. Алиоски половина година е надвор од тимот поради преголемиот број на странци што Ал Ахли ги доведе во текот на летото, тој најави дека сака да се бори за првотимски статус, но веќе му стана јасно дека Ал Ахли ќе продолжи да носи нови играчи, па сега бара да добие раскин на договорот.

Се чини дека разговорите на оваа тема ќе потрајат, па Трабзон веќе се откажал од намерата да годоведе Алиоски. Наместо тоа, постигнат е договор со левиот бек Ерик Бокат од Сент Труден, сенегалскиот интернационалец кој во следните денови би требало да се пресели во Турција.

Трабзон денеска доведе уште едно квалитетно засилување, откако официјално беше договорено доаѓањето на позајмица на белгискиот десен бек од Борусија Дортмунд, Томас Муние.

Се вчитува...