Трап: Ова е подобро од секс

Ајнтрахт Франкфурт првпат после 42 години се закити со европски трофеј, а херој во финалната серија беше голманот Кевин Трап кој му одбрани пенал на Арон Рамзи. Трап во 118. минута имаше неверојатна интервенција со која го спаси својот тим од пораз по продолженијата, па го одведе мечот на пенали.

Таму Трап со нозе му го одбрани ударот на Рамзи, а неговите соиграчи беа прецизни од сите пет пенали, за големо славје на германскиот тим. Трап после освоениот трофеј даде интересна изјава.

„Имав чувство дека ова ќе се случи, дека ќе победиме. Драматично загубивме од Челси во 2019 година во полуфиналето, но оваа сезона имавме феноменална низа. Едноставно заслуживме. Работата се исплатеше и се покажа дека вредеше. Можеби е ова карма, затоа што се враќаме со трофеј. Мислев дека ќе плачам, но тоа не се случи. Не знам дали се сложувате со мене, но освојување на овој трофеј е подобар од секс. Дефинитивно е нешто најубаво како што е сексот, но секако мислам дека неки работи ќе се случуваат во следните неколку дена“, рече Трап.

Се вчитува...