Трапани го претстави Никола Јакимовски како ново засилување

Италијанскиот второлигаш Трапани го претстави македонскиот интернационалец Никола Јакимовски. Тој се враќа во Серија Б и во новата сезона ќе го носи дресот на Трапани.

Јакимовски во претходните шест месеци беше член на Лариса и настапуваше во првенството на Грција.

Се вчитува...