Трапановски од Славија Прага во чешкиот второлигаш Славој Вишехрад

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Кристијан Трапановски во новата сезона ќе настапува за чешкиот второлигаш Славој Вишеград.

20-годишниот Трапановски пред две години од Академија Пандев се пресели во редовите на Славија Прага. Но, не успеа да се избори за стандардно место во првиот тим на еден од најдобрите клубови од Чешка, па Славија Прага се одлучи да го отстапи на Славој за новата сезона.

Трапановски има стандардно место и во репрезентацијата на Македонија до 21 година.

Се вчитува...