Трапановски стрелец за триумф на словачка Подбрезова

Младинскиот репрезентативец Кристијан Трапановски донесе победа за словачкиот второлигаш Подбрезова.

Поранешниот офанзивец на Академија Пандев во 12. коло од Втората лига во Словачка го постигна единствениот гол во триумфот против Шаморин. Македонскиот фудбалер стрелаше во 70. минута од средбата за три бода на „црно-белите“ од Подбрезова.

Ова е втор гол на Трапановски сезонава, кој во Подбрезова се пресели од редовите на Славија Прага. Како позајмен фудбалер настапуваше и за Татран и Викторија Жижков.

Се вчитува...