Требаше да замине Алегри, за Иско да дојде во Јувентус!?

Масимилијано Алегри заминува од клупата на Јувентус по пет наслови шампион на Италија во низа и две загубени финалиња во Лигата на шампионите поради кои, меѓу другото, мораше да го напушти клубот од Торино.

И за целиот свој престој на клупата на Јуве, Алегри имаше една желба – клубот да го донесе Иско од Реал Мадрид затоа што Шпанецот совршено се вклопува во неговата омилена формација 4-3-1-2 каде би играл позади двајцата напаѓачи.

Но, раководството на Старата дама му сервираше некои други профили фудбалери. За да сега, откако Алегри си замина од клубот, како што пренесува „Газета дело спорт“, Јувентус силно се впуштил во акција за доведување на Иско ова лето.

Според „Газета“, Јувентус веќе испратил официјална понуда до Реал Мадрид и самиот фудбалер кој искажал желба да се пресели во Торино и повторно заигра со Кристијано Роналдо.

Се вчитува...