Тренчовски: Оставката е морален чин, тимот е квалитетен и мора да излезе од летаргијата

Академија Пандев на стартот од шампионатот беше во триото на врвот заедно со Вардар и со Шкендија, но нанижа неколку порази, а денеска не успеа да оствари триумф ниту против последнопласираниот Борец на домашен терен, ремизирајќи без голови. По ова, тренерот Југослав Тренчовски одлучи да се повлече од кормилото.

„Оставката е морален чин со оглед дека Академија Пандев не ги бележи посакуваните резултати. Мора нешто да го оттргне тимот од летаргијата во која западна. Во ваков случај тренерот ја презема одговорноста. Верувам дека Академија Пандев брзо ќе пронајде адекватно решение и дека тимот кој тврдам дека поседува голем квалитет повторно ќе се врати на победнички патеки“, изјави за ЕКИПА, досегашниот стратег на Академија Пандев, Југослав Тренчовски.

Академија Пандев веќе во среда го очекува и дуел од Купот на Македонија против Шкупи.

 

Се вчитува...