Тренчовски пред Османи и Васоски – тренер на годината во мак-фудбалот

Југослав Тренчовски е добитник на наградата за најдобар тренер во мак-фудбалот за сезоната 2018/19. Струмичкиот тренер во жестока конкуренција ги победи Ќатип Османи, кој освои титула со Шкендија, и Александар Васоски, кој врши одлична работа во Вардар. Зад Тренчовски е извонредна сезона во која стигна до трофејот во Купот на Македонија, прв пехар во клупската историја на Академија Пандев.

„Сакам да им честитам на сите добитници на награда. Ова признание сакам да го споделам со сите оние кои се мое секојдневно, моето семејство, сите оние кои ми даваат поддршка. Нормално, Горан Пандев и неговото семејство, кои се носители на проектот Академија Пандев. Секако, голема заслуга имаат и моите јунаци, моите фудбалери, на кои им ја посветувам оваа награда“ – изјави Тренчовски.

Се вчитува...