Тренчовски: Против Шкендија игравме на се или ништо, и се исплатеше!

Академија Пандев по лошиот период пролетва конечно запиша два едноподруго позитивни резултати. На убав начин „пандевци“ се вратија и во вчерашното 30. коло од ПМФЛ против Шкендија, од 0-2 по првото полувреме до 2-2 во вториот дел.

Тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски по мечот го потенцираше карактерот на фудбалерите, истакнувајќи дека во вториот дел победила желбата за позитивен резултат…

„Освоивме драгоцен бод во натпревар против новиот шампион Шкендија, според мене убедливо најдобриот тим во првенството. Ритамот на натпревари недела-среда си го направи своето. Се обидуваме со ротација во тимот да останеме свежи и делумно успеваме. Што се однесува до второто полувреме, сакам да истакнам дека одигравме на се или ништо, по цена и да примиме трет гол. Честитки до моите играчи кои во овие тешки психолошки моменти за тимот најдоа сили да се вратат против Шкендија после 0-2, што е навистина потврда за карактерот“ вели Тренчовски по вчерашниот натпревар во Турново.

Се вчитува...